14.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

КОВАЧЕВСКИ: ДИЈАЛОГОТ ЗНАЧИ И ОТСТАПКИ

Ние сме политичари кои носат тешки, но државнички одлуки, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Охрид, пред средбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, под покровителство на ЕУ.

Во обраќање пред медиумите, Ковачевски ги охрабри претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти да бидат конструктивни и да имаат продуктивна средба во Охрид.

„Дијалогот е единствената алатка за консолидација на регионот и за европската интеграција на двете земји. Отворен дијалог со кој се решаваат отворените прашања од различни аспекти е од огромна важност и за регионалната стабилност, одржувањето на мирот и патот кој води кон просперитетна иднина не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион,” рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ, Охрид
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ во ОхридФотографија: Press Regierung North Macedonia

Тој забележа дека државата е препознаена како почитуван партнер на меѓународната заедница и фактор на стабилност во регионот.

„Договорите кои ги потпишавме – Охридскиот, Преспанскиот, како и Договорот за добрососедство, се потврда за нашиот европски дух, за затворање на прашање со кое го трасираме патот на иден развој на земјата. Владата спроведува политики на решавање, а не политики на создавање на проблеми. Земјите во регионот имаат раководства кои се однесуваат европски, а нивните земји заслужуваат европска перспектива,” истакна Ковачевски.

Димитар Ковачевски, Албин Курти, Охрид
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски – домаќин и на косовскиот премиер Албин Курти во ОхридФотографија: Press Regierung North Macedonia

Токму затоа, смета премиерот, сега е вистински момент да се забрза евроинтегративниот процес кој е важен за сите земји од Западниот Балкан.

Местото на Западен Балкан, според претседателот на Владата, е во ЕУ, географски, историски, политички и цивилизациски, особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на Европскиот континент.

„Мојата визија е да го видам Западен Балкан развиен, модерен, интегриран во ЕУ. Тоа е наш приоритет. Затоа работиме и кон тоа се стремиме. Нашите граѓани да живеат дома, граѓаните на сите држави на Западен Балкан да живеат дома, со подобар стандард и со подобар квалитет на живот, а напредокот кон интеграција на државите од Западен Балкан е и цел на Берлинскиот процес и иницијативата „Отворен Балкан“. Ќе продолжиме да ги градиме регионалните иницијативи за развој на економијата и стопанството како и мобилноста на граѓаните,” рече Ковачевски.

На состанокот во Охрид денеска (сабота 18.3.), претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, со посредство на Европската унија, би требало да се договорат околу редоследот на спроведување на точките од основниот договор кој страните го прифатија на состанокот во Брисел на 27 февруари. Притоа, таканаречениот имплементациски анекс, кој е составен дел од договорот, е вистинска пречка.

Заедницата на српски општини (ЗСО), чие формирање беше договорено и ратификувано во косовското Собрание во 2013 година, сега изгледа, е клуч на европскиот предлог за договор.

Related posts

Премиерот Ковачевски најави оставка

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

ЕУ: СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

ninja

Украинската амбасада повика, но македонското МНР потсетува: Учеството во странска војска е кривично дело

ninja

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin

Спасовски: Процесот е прашање на институции, не на поединец

admin