25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ НАЈАВУВА УВОЗ НА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА

Недостатокот на работна сила во градежништвото, туризмот и хотелиерството ќе се надокнадува со увоз на работници од странство, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи. Проценка е дека недостасуваат околу 10.000 работници во земјата. За дел од потребните профили ќе се вршат доквалификации на работниот кадар во земјата, но за дел ќе се бара можност за доселување.

„Во овој момент разговараме со стопанските комори во кои гранки евентуално би увезле работна сила. Најзагрозени се градежништво, хотелиерството и туризмот“, рече Битиќи, дополнувајќи дека постои голем одлив на сезонски работници кои одат во други земји во регионот како Хрватска, Словенија и други земји на ЕУ. Сличен предлог Битиќи изнесе и во  неодамнешното интервју за ДВ.

Засега не е дефинирано од каде би доаѓале потребните работници, но првично предност би имале домашните работници и жителите на регионот во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

„Работната сила е потребно примарно да се осигури од домашниот пазар, односно од нашите сограѓани кои се невработени да се приспособат за да одговорат на потребите на пазарот на труд, рече Битиќи.

Голем одлив на рапотоспособни  

Од Северна Македонија годишно си заминуваат илјадници работоспособни граѓани, во потрага по подобри плати, но и поквалитетен живот. Таа миграција, според Битиќи, е природен циклус.

„Просечната плата кај нас достигна 550 евра, платата каде што одат нашите работници е 1.100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат работници во рударството, па и во градежништвото е просечни 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро“, рече вицепремиерот.

Освен со работната сила, странските компании во Северна Македонија се соочуваат и со проблемот на бирократските процедури. Тоа во вторникот го наведе и в.д. германскиот амбасадор во земјата, Ото Граф кој порача дека доколку земјата сака нови германски инвестиции ќе мора да ги направи постапките поефикасни.

Related posts

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

ДУИ се изјасни за уставните измени

admin

Неочекуван потег: Мишел ќе се кандидира за европратеник

admin

МАКЕДОНИЈА УВЕЗЕ 40 МИЛИОНИ ЕВРА СТРУЈА – КОЈ СЕ ОФАЈДИ?

ninja

По Сараево, директни летови и со неколку балкански дестинации

admin

Џафери мандатар, Митрески претседател на Собрание

admin