12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ГРЦИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА

Илјадници Грци излегоа на протести во Атина и Солун по трагичната железничка несреќа која однесе 57 животи. Надлежните велат дека се работи за човечка грешка, но многу нешта упатуваат и на хронична негрижа од државата.

Расте бесот во Грција поради фаталната железничка несреќа во која загинаа најмалку 57 луѓе. Стотици луѓе протестираа пред седиштето на националниот оператор Хеленик Возови во Атина.
„Лути сме на компанијата, на оваа и на минатите влади затоа што не сторија ништо да ги подобрат условите на грчката железница“, изјави еден демонстрант.

Во Солун протестите прераснаа во насилство откако демонстранти фрлаа камења и петрол-бомби.
Паралелно, на штрајк излегоа и вработените во грчките железници, незадоволни поради менаџирањето на администрацијата.

Протести Грција
Протести во ГрцијаФотографија: AFP

Најавувајќи го 24-часовниот прекин на работата во четвртокот, железничкиот синдикат го критикуваше „недостатокот на грижа за грчката железничка мрежа од страна на повеќе влади низ годините, кои доведоа до овој трагичен исход“.

Хронични проблеми 

Владиниот портпарол Јанис Економу рече дека истрагата ќе ги истражува „хроничните одложувања на поправката на железничката мрежа, одложувања предизвикани поради хроничните проблеми во јавниот сектор и децениите на неуспеси“.

Грција Кирјакос Мицотакис
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во посета на местото на несреќата кај ЛарисаФотографија: Vasilis Ververidis/MotionTeam/ANE/IMAGO

Властите соопштија дека причина за несреќата е човечка грешка.

Премиерот Кирјакос Мицотакис, кој бара нов мандат на изборите оваа пролет, изјави дека несреќата била резултат на „трагична човечка грешка“.

Но, од железничкиот синдикат велат дека безбедносните проблеми на линијата Атина-Солун биле познати со години и ништо не било преземано.

Протести Грција
Протести во ГрцијаФотографија: Vaggelis Kousioras/AP/picture alliance

Адвокатот на 59-годишниот шеф на станицата, кој е обвинет за убиство од небрежност, изјави дека неговиот клиент признал делумна одговорност за несреќата, но рече дека во игра биле и други фактори. Грчките медиуми јавуваат дека шефот на станицата бил именуван на функцијата пред 40 дена, со завршен тримесечен курс. Во средата оставка поднесе и грчкиот министер за транспорт, преземајќи морална одговорност за трагедијата.

Related posts

Албанија избира локална власт

admin

М-НАВ: Почна со плискање вода, заврши со прелеана чаша

admin

Реформи на линија со ЕУ-стандарди, а не со неказнивост

admin

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

admin

Првиот претседател беше избран од Собранието

admin