21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОЛЕРА И ДРУГИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ-ЗАКАНА ЗА ОБЛАСТИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ТУРСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, а пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата.

Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот универзитет, кој волонтираше во областа на земјотресот истакна дека кај лекуваните деца најчести биле инфекциите на цревата и дишните патишта.

Лекарот предупреди дека во регионот има многу проблеми поради лошата хигиена, немање тоалети и соодветна санитација и недостиг на вода.

Според експертите, доколку не се преземат превентивни мерки поврзани со хигиената, во зоната на земјотресот може да се појават низа заразни болести – од колера до досега невидени цревни инфекции.

Повеќе од 45 илјади луѓе загинаа во двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала и епицентарот во областа Кахраманмарас. Повеќе од 1,97 милиони граѓани се раселени од подрачјето на земјотресот.

Related posts

Јануарските сметки на ЕВН ги изненадија граѓаните

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin

Дали Спасовски ќе се кандидира за претседател?

admin

Агелер не кажува дали и Заев ќе биде дел од „црната листа“: Има епидемија на корупција во оваа земја

admin

Се стега ли обрачот околу Вучиќ?

admin

Украина ја нападна Русија, погодени згради во Москва

admin