21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

Министерот за правда Кренар Лога стави попис на решението со кое се одбива како неосновано барањето за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на  бугарскиот културен клуб во Битола. Ваквата одлука следи откако претходно негативно мислење даде и Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница.

Во образложението за негативното мислење беше наведено дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ, имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ.

Називот на здружението – Иван Михајлов е навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народФотографија: DW/F. Schmitz
Нетрпеливост и омраза

„Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество“, се наведува во образложението.

Во членот  9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

Комисијата за првпат заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

Бугарските клубови имаа рок од три месеци да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември 2022 година. По негативната одлука на министерот за правда, на потег е Централниот регистар кој треба да ги избрише спорните здруженија.

Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ неодамна најави дека ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур.

Related posts

Корупцијата – круцијален проблем и болка за граѓаните, а јавните набавки „плодна почва“ за нејзино распространување

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja

Кога ќе се врати во С.Македонија? Еве што вели Груевски

admin

Ниските плати ќе го „парализираат“ македонското правосудство: Вработените бараат покачување на платите како на функционерите

admin

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕП: ДЕЛУМНО ПРИЗНАНИЕ ОД ЕВА КАИЛИ

ninja

Макрон бара од Израел воздржаност во Либан

admin