26.8 C
Скопје
19 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН тврди дека луѓето на Груби тргнале против партискиот врв

Владејачката коалиција ВЛЕН тврди дека во ДУИ се продлабочуваат внатрешните поделби по обвинението против поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека неговите поддржувачи сè поотворено го критикуваат партиското раководство поради односот кон него.

Во соопштението, ВЛЕН го обвинува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека води „игра со две лица“ – јавно се залага за ослободување на Груби од куќен притвор, додека истовремено, според коалицијата, го користи случајот за внатрепартиско позиционирање во однос на Бујар Османи.

„Едноставно, во ДУИ врие“, наведува ВЛЕН.

Коалицијата тврди дека подолго време во ДУИ се зборува оти Османи зад затворени врати бара Ахмети да се повлече од лидерската позиција, со цел партијата да се реформира и повторно да стане конкурентна опозиција.

Според ВЛЕН, неодамнешните јавни реакции на луѓе кои биле блиски до Груби покажуваат дека неговиот политички круг смета оти поранешниот вицепремиер бил оставен сам по поднесувањето на обвинението во случајот „Државна лотарија“.

Коалицијата повторно го нарекува Груби „црната кутија“ на ДУИ и тврди дека неговото евентуално сведочење пред правосудните органи би можело да има последици за актуелното и поранешното раководство на партијата.

„Некои се плашат од она што го знае Артан, други од она што може да го каже, а трети веќе пресметуваат кого може да повлече со себе“, се наведува во соопштението.

ВЛЕН упати и остри обвинувања дека раководството на ДУИ ги користи правата на Албанците како политичко покритие за заштита на сопствените интереси и имот. Станува збор за политички обвинувања на ВЛЕН за кои во соопштението не се наведени конкретни докази.

Related posts

Османи: Се што бараше ВМРО-ДПМНЕ го исполнивме, ова е време кога се одредува иднината на државата

admin

Дипломатски скандал меѓу Скопје и Софија: МНР бара итна истрага

admin

Министерката Јаневска: Новата концепција за гимназиско образование ќе ги подобри резултатите на учениците

admin

ЕУ ја турка Молдавија напред: Каква порака доби Западен Балкан?

admin

Објавен нацрт-Извештајот од скринингот, Маричиќ: Основа за клучните документи

admin

Трагедија во Кочани: Одбраната тврди дека Бектеши е вмешан без докази

admin