20 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНАХРОНИКА

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата и уште две лица заедно дошле во казиното и играле на покер апаратите. Помеѓу осомничениот и оштетениот дошло до вербална расправија и започнале да се туркаат, по што осомничениот успеал да го земе пиштолот што оштетениот го носел во појасот и пукал неколку пати во него. Потоа повеќе пати со рачката од пиштолот го удрил оштетениот во пределот на главата и избегал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде прифатен предлогот на обвинителот, мерката ќе започне да се извршува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода

Related posts

По спорот за „северномакедонски“, Скопје иницира нова средба со Софија

admin

Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам со молитви и принесување жртва

admin

Комеморација за Кочани: Повик за вистина, правда и одговорност од институциите

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Трамп вели дека Русија и Украина се согласија за итни разговори за примирје, Кремљ не наведува рок

admin