14.8 C
Скопје
10 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Силна поддршка од Шпанија за македонските евроинтеграции

Шпанија ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и процесот на евроинтеграција на Северна Македонија. Преговорите мора да продолжат за време на шпанското претседателство со ЕУ – е пораката која што ја испрати во Скопје, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, кој е во посета на земјата на покана на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање со цел развој на соработката во процесот на пристапување на земјава во Унијата.

Посетата се случува во предвечерието на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи следната година меѓу двете држави и воедно во пресрет на преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Мадрид, како силна порака на поддршка на македонскиот европски пат. Шпанија на 1 јули го презема претседателството со Унијата од Шведска, кога според планот завршува скрининг процесот, и земјата треба да влезе во новата фаза од преговорите, а тоа е отворањето кластери и поглавја.

„Претседавањето на Шпанија со ЕУ се совпаѓа со претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и сигурно ќе има синергии меѓу нашите две претседавања и дека ќе можеме да работиме заедно за аспекти што се многу важни во овие толку сложени времиња за Европа, рече шефот на шпанската дипломатија на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, Бујар Османи.

Хозе Мануел Албарез Буено, Бујар Османи
Преговорите мора да продолжат за време на шпанското претседателство со ЕУФотографија: Regierung Nordmazedonien

Неповторлива шанса

„Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, но и лепакот за различните наративи кои живеат во оваа држава и ги држи заедно во една сплотена приказна, а прашањето на уставни измени поврзани со европскиот процес се суштинска и неповторлива шанса за да влеземе во последната фаза пред членство во ЕУ“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи смета дека се уште има можност и шанса опозициските партии да бидат дел од процесот на уставни измени затоа што овој момент е неповторлив. „Ако се чесни политичките партии кои имаат идеи и објективни предлози за промена на Уставот, тие треба да бидат дел од процесот за уставни измени, инаку ќе се сфати дека е игра со граѓаните. Важно е дебатата за уставни измени да биде во комисијата, а не во јавноста, бидејќи се губи целта на таа дебата“, дециден е Османи.

Уставните измени се прецизирани во Протоколот

Тој на прес-конференција со колегата од Шпанија рече дека Бугарите можат да влезат во македонскиот Устав само како дел од бугарскиот народ и никако поинаку.

„Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот. Така што и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени – Хрвати, Бугари, исто како и останатите. Не може да има разлика од тоа како се впишани другите“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, што се толкуваат дека Бугарите треба да бидат впишани како македонски Бугари во Уставот. /DW

Related posts

БЕРБОК: МОЖЕН НЕУСПЕХ НА КЛИМАТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

Американски воен бил нападнат со беспилотни летала од Јемен

admin

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin

Алармот на ДУИ индицира дека „планот на Заев“ не е мртов?

admin

Ниту „Вреди“, ниту ВМРО-ДПМНЕ го даваат Африм Гаши

admin

Едгар Џозеф: САД да понуди „историска вистина“ за Северна Македонија, поинаква од таа на Бугарија

admin

Leave a Comment