8.8 C
Скопје
19 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Трилинг на ТВ24: Дел од експертите ќе работат „про боно“, дел со хонорари

Во предворие на следната недела пред и официјално да се состане работната група која ќе работи на измените на уставните амандмани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повикаа Ковачевски да не се крие зад ова според нив некредибилно работно тело.

Лидерот на партијата Мицкоски пак му порача на премиерот дека тоа ќе го чини преполовен број на пратеници на следните избори откако Ковачевски пак вчера директно од Виенската академија обвини дека блокадата на Македонија на патот кон ЕУ овој пат доаѓа од внатре односно од најголемата опозициска партија  и нејзиниот лидер Мицкоски.

Од Бихаќка  и денеска со порака дека работат на реформските процеси на земјава кои се загарантирана стратешка цел.

Дел од експертите кои пак ги ангажираше министерството за правда велат хендикеп е тоа што опозицијата нема да има свои претставници. Судијката Маргарита Цаца Николовска вчера во емисијата Трилинг на ТВ 24 посочи дека сепак последниот филтер се народните избраници во законодавниот дом кои имаат најголема  одговорност кога е во прашање носењето на важните стратешките одлуки  на државата.

Во текот на наредната недела се очекува работната група да се состане. Според информациите на министерството за правда за учесниците  се предвидени и хонорари. Сепак дел од експертите во разговор за ТВ 24 велат дека нема да ги прифатат додека други пак велат дека се работи за научен труд и ангажман и легитимно е за тоа да има надомест или да им се плати.

Related posts

Македонски државјанин повреден при напад на објект на ОН во Газа

admin

На повидок жешко политичко лето

admin

Приведен поранешниот директор на Државни патишта во истрага за корупција

admin

Партиите во низок старт за локалните избори

admin

Еурактив: Односите Софија-Скопје се влошуваат

admin

Украина ја нападна Русија, погодени згради во Москва

admin