19.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
НАУКА

ВИДЕО: SpaceX објави анимација од слетувањето на ракетата Starship на Марс

Компанијата SpaceX има големи планови за своето вселенско летало Starship, а едно ново видео открива еден од тие планови. Во анимацијата која ја објави SpaceX на YouTube прикажано е лансирањето на Starship во рамките на мисија во длабоката вселена, која е всушност неостварен сон на првиот човек на компанијата, Илон Маск.

Петминутната анимација почнува со лансирање на Starship и поглед на базата Starbase во Тексас, а потоа и враќање на Земјата на првата фаза на Starship наречена Super Heavy, која има 33 мотори.

Горната фаза на Starship, висока 50 метри, продолжува понатаму и се составува со танкер во орбитата на Земјата, каде што полни гориво за долгото патување до Марс. Starship потоа стиднува на својата дестинација и слетува на површината на Марс, после што вратите се отвораат. Се гледаат и четворица патници во вселенски костими, кои гледаат на марсовското осветлено живеалиште.

Starship ќе стане најмоќната ракета која е лансирана во историјата. Дизајнирана е за повеќекратна употреба, а Маск верува дека таа ќе ги направи вселенските летови и колонизацијата на Марс економски изводливи.

Меѓутоа, Starship допрва треба да лета на повеќе од неколку километри над површината на Земјата, што се очекува наскоро. SpaceX се подготвува за првиот орбитален лет, кој треба да се направи идната недела. Ако се помине според планот, Starship ќе патува се подалеку.

 

Related posts

Милан Ковач си заминува од Тесла – ја напушта програмата што Маск ја нарече вредна 25 трилиони долари!

admin

Добра вест за дебелите: Pfizer со орален лек за намалување на телесната тежина

admin

OpenAI го најавува SearchGPT, својот пребарувач со вештачка интелигенција

admin

НАСА објави први снимки од Земјата направени за време на историската мисија „Артемис II“

admin

УЈИЕ ги отвори вратите за идните студенти: Ден на иновации, знаење и забава

admin

СТУДИЈА: Богатите се под поголем ризик од депресија отколку сиромашните – причината е неочекувана

admin