11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Коридор 8: Кој то тамо пева?

Се леат крокодилски солзи за тоа дека договорот со “Бехтел и Енка” си бил со “криминогени и криминални елементи”, те тоа ти било “Западна Македонија…ако го исклучиме Прилеп-Битола”, те ќе се “купувале дивоградби”, вперајќи го прстот кон Артан Груби и ДУИ и, замислите, Коридорот 8 ти бил “пат кон исчезнувањето на државата”!

Пишува: Сељадин Џезаири

Кордорот 8, – заедно со пругата од Бугарија, преку нашава земја па до Албанија, – досега бил предизборно ветвување и адут на речиси сите политички партии од осамостојувањето на Македонија, во почетокот на 90-те години. Беше и, би рекол, пуста желба на партиите на овдешните Албанци, од ПДП, ДПА, па до лани и ДУИ! Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка”, како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола, изгледа го означува и крајот на продавачите на маглата по оваа прашање. Но, Македонија ќе беше навистина „Швајцарија на Балканите“ да ги немавме одредените политички елити и интересни групи кои, во овој слуќај, повеќе водат грижа за српските и грчките интереси (врзани за Коридорот 10) отколку за интересите на граѓаните на Македонија, па било да се и – етнички Албанци!

Впрочем, овие две земји имаат легитимен интерес да го попречуваат проектот заради фактот што ќе преставува конкуренција на Коридорот 10. Затоа е парадоксално да се заштитат до таа мера српските и грчките интереси, без притоа да се дава приоритет на македонските. Замислете каде ќе беше Северна Македонија ако овие кругови со ваква одлучност ќе ги бранеа интересите на државата сиве овие години?!

Ги следам со нескривен професионален интерес отворените дебати околу започнувањето на изградбата на овој капитален, би рекол, стратешки пројект, не само за нас, туку и за целиот регион, и не можам а да не прашувам, од каде извире толкав гнев, толкаво душебрижништво за една инвестиција која според сите анализи – ќе биде исплатлива? Оти, патем речено, eкспертите уште пред век и половина го препознале eкономскиот интерес за железничко и патно поврзување на бугарското пристаниште Бургас (Бугарија) со Драч(Албанија), преку Северна Македонија.

Рака на срце, за капиталните инвестиции во секоја земја секогаш се врзани и контра ставови, кои претежно доаѓат од опозизијата и разните интересни групи или групите за притисок. Нели, така беше и во сучајот со договорот со кинеската фирма “Синнохидро”? И тогаш, како и сега, акцентот беше ставен на „сомнежот„ поради остуство на тоталната транспарентност на договорот. Но, сепак деновиве како да ислплива на прв план таканаречениот економски национализам со предзнакот „Македонски„! Се леат крокодилски солзи за тоа дека договорот со “Бехтел и Енка” си бил со “со криминогени и криминални елементи”, те тоа ти било “Западна Македонија…ако го исклучиме Прилеп-Битола”, те ќе се “купувале дивоградби”, вперајќи го прстот кон Артан Груби и ДУИ и, замислите, Коридорот 8 ти бил “пат кон исчезнувањето на државата”!

Гле, чуда: во сето оваа, во бизнисот, ни се вмешала американската и европската дипломатија! А американската амбасадорка, Анџела Агелер, дента кога се постави камен-темелник на проектот Коридор 8 подвлече дека проектот е посебен за Северна Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа, но и многу голем ден за САД и за американскиот бизнис во земјава.

“Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи”- изјави американската дипломатка во земјава, посочувајќи дека современата патна мрежа ќе доведе до зближување на луѓето од регионот.

И сосема на крај, според кредибилни студии, клалитетот на патната инфраструктура во регионот на Западен Балкан варира од земја до земја, но илустративен е “Извештајот за глобалната конкуретност на Светскиот Економски Форум за 2019 година”, според кој, на ранг листата за квалитетет на европските патиштат меѓу 141 држава, нашата земја се наоѓа при крајот!

Извор: Kdp.mk

Related posts

Непринципиелни коалиции во албанскиот блок

admin

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС, ОТВОРЕН БАЛКАН И ПОЗАДИНАТА НА НЕМИРИТЕ НА КОСОВО

admin

Тонеме длабоко за срамот да нема од каде да избие

admin

ЗА „МАЛИТЕ НЕШТА“ ПРЕКУ ПОЛИТИКАТА

admin

„Вирусот“ на поделби кај албанските партии

admin

СОЛЗА ЗА ЖИВОТ

admin