12.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
НАУКА

„Apple“ е најголемиот губитник

Аналитичката компанија „IDC“ ги објави најновите резултати од продажбата на компјутери, кои се однесуваат на првиот квартал од оваа година.

Извештајот на „IDC“ укажува на намалување на побарувачката, па така испораката на компјутерски уреди во првите три месеци од годинава бележи намалување од 29% во однос на претходната година.

Ваквата состојба на пазарот се одрази негативно на сите производители на компјутери, особено на „Apple“. Се вели дека намалената побарувачка, вишокот залихи и лошата макроекономска средина одиграле голема улога во лошите продажни резултати.

Глобалните испораки на компјутери достигнаа вкупно 56,9 милиони, што претставува пад од 29% во споредба со истиот период во 2022-ра година.

Иако сите производители доживеаја пад на продажбата во текот на првиот квартал, „Apple“ е веројатно најголемиот губитник. Компанијата забележа пад на продажбата на компјутери од дури 40,5% во однос на претходната година.

Сепак, ова не е изненадување, бидејќи „Apple“ се фокусираше на своите „iPhone“ телефони и други услуги. Од компанијата допрва треба да се очекува голема надградба на линијата на компјутери „Mac“.

Кога станува збор за целиот пазар на персонални компјутери, листата на Топ 5 производители на персонални компјутери според уделот на пазарот изгледа вака: „Lenovo“ е на врвот со пазарен удел од 23,9 отсто, следен од „HP“ (21,5%), „Dell“ (16,0%) ), „Apple“ (7,5%) и „Acer“ (6,4%).

„IDC“ истакнува дека до крајот на годината се очекува нов раст на продажбата на персонални компјутери, поради глобалните економски подобрувања и корисниците кои размислуваат за надградба на „Windows 11“.

Related posts

Ова е првата астронаутка на НАСА што ќе зачекори на Месечината

ninja

ВИДЕО: SpaceX објави анимација од слетувањето на ракетата Starship на Марс

ninja

Добра вест за дебелите: Pfizer со орален лек за намалување на телесната тежина

admin

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Се вшештува борбата во вештачката интелигенција: Гугл го претстави PaLM 2, дали е подобар од GPT-4?

admin

Зошто пред земјотресите се појавува чуден светлосен феномен?

admin

Leave a Comment