19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
НАУКА

ВИДЕО: Роботи-кучиња ќе им помагаат на полицајците во Њујорк

Њујоршките полицајци добиваат помош каква што досега немале можност да имаат – два роботи-кучиња, наречени „Digidogs“, ќе им помагаат на органите на редот во бркањето криминалци, јавува агенцијата АП.

Роботите се создадени и произведени од реномираната компанија „Boston Dynamics“ (која инаку порано беше во сопственост на „Google“, а сега е дел од автомобилската групација „Hyundai“), во соработка со „Knightscope“.

Полицијата ќе ги користи четириножните роботи за различни задачи и тие треба да помогнат за подобрување на безбедноста на полицајците. Роботот „Spot“, кој беше претставен пред неколку години, постојано се усовршува. Њујоршката полиција пред неколку години веќе имаше сличен проект со роботи-кучиња, но поради лошите реакции на јавноста, проектот беше прекинат.

„Кучињата“ ќе се користат како поддршка во ситуации во кои е опасно да се изложуваат луѓето – како оние во кои има земање заложници, објаснија од полицијата.

Related posts

ПМФ ќе прави генетски анализи за рак и ин витро со поддршка од ФЗО

admin

ЕУ УДИРА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Нема Instagram и TikTok без 16 години?

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin

НАСА објави први снимки од Земјата направени за време на историската мисија „Артемис II“

admin

Вештачката интелигенција станува национална опасност, може да служи како алатка за терористите

admin

„Совршено слетување“: Како мисијата Артемис II успешно се врати на Земјата

admin