19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Некогашната специјална обвинителка сега библиотекарка во “Идризово”

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е ангажирана како библиотека во затворот “Идризово”. Новиот директор на затворот, Зоран Јовановски, за „Макфакс“ вели дека Јанева го користела правото да излезе за празниците, но уредно се вратила во затворот и веќе ги извршува редовните затворски обврски, пренесува порталот Инбокс7.

“Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него“, вели директорот Јовановски.

Јанева беше притворена на 21.8.2019 година, а во јуни 2020 година беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Related posts

НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕРВОЗИ ПО САЈБЕР НАПАДОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ninja

Дали исчезна архивата од веб страната на Собранието или миграцијата на материјалите трае предолго?

admin

Кренар Лога се повлекува од Алијансата за Албанците

admin

Милошоски бара шпанска помош за спорот со Бугарија – дали Мадрид ќе отвори нов пат кон ЕУ?

admin

Венера Латифи Азизи – нова портпаролка на Владата на Република Македонија

admin

„Не ги оставајте работниците на сонце“ – ССМ со апел и повик за пријавување прекршувања

admin