16.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали исчезна архивата од веб страната на Собранието или миграцијата на материјалите трае предолго?

Пишува: Весна К.

Каде исчезна архивата на веб страната на македонското собрание, праша и обвини поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. Одговор побара од актуелниот спикер Талат Џафери . Собранието изврши комплетна надградба на веб страницата и во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов, му одговори Џафери.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски упати писмо до актуелниот спикер, Талат Џафери, како и до сите пратенички групи и невладините организации, обвинувајќи дека некој сака да го врати Парламентот 20 години наназад.

Вељаноски посочува дека нема целата база на податоци, како што се дневни редови на седници од 1991 година, стенограми на сите тие седници од 1991, видео записи од седниците од 2002 година наваму, гласања по точки, податоци за сите пратеници и нивни биографии почнувајќи од првиот собраниски состав од 1991 година.

„Каде се целиот труд, време и енергија вложени од собраниската служба со цел собранискиот сајт и е-парламент систем да бидат едни од најдобрите во светот, да бидат пример и да им користат на граѓаните, пратениците и службата?? Кој тоа се поигрува со два изградени, имплементирани и функционални системи? и зошто? требаше само совесно и одговорно да се одржуваат и користат, прашува Вељаноски.

Според него, со вакво неодговорно однесување, се губи транспарентноста на Собранието.

Џафери, му одговори на Вељановски- Паушални и неточни се наводите.

„Собранието изврши комплетна надградба на веб страницата и ја поврза со новиот систем за е-Парламент и новиот систем за електронско гласање. Надградбата на новата платформа имаше за цел подобрување на транспарентноста на Собранието во процесот на објавување на сите информации и документи кои произлегуваат од работата на Собранието на автоматски начин, во реално време од внатрешниот систем на веб страницата на Собранието. Дополнително, потребата за надградба и подигнување на технолошкото ниво на системите од кои некои беа постари повеќе од 14 години со нови современи софтверски решенија во Собранието беше зголемена со речиси секојдневните кибер напади на веб страницата на Собранието. По успешната надградба на системите, во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов. Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави наназад. Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес,“ се вели во одговорот на Џафери.

Проверивме дали дел од мигрираните содржини се валидни. Содржините од првиот собраниски состав, се веќе достапни.

Вељановски обвинува дека ја нема ниту видео архивата , од 2002 година па наваму

.„Во однос на видео архивата, во тек е набавка на медија сервер, со што, по негово поставување и конвертирање на материјалите во формат кој сега е стандард, ќе биде достапна на сајтот. Покрај ова, во тек е реализацијата на други процеси во насока на понатамошно унапредување на системот: се подготвува регистар за невладини организации; во тек е набавка на систем за разрешување на инциденти, се поставува корпоративна ви-фи мрежа и се подобрува гостинската ви-фи мрежа. Наместо неаргументирано да критикува и да пишува отворени писма до јавноста, Велјаноски треба да биде малку самокритичен и да се запраша какво беше нивото на отвореност на Собранието кон јавноста во негово време, а како е сега.“

Собранието редизајнираната интерент страница  ја доби пред точно една година. Таа обезбедува некои нови функционалности кои не беа достапни, а решени се и некои проблеми кои со години предизвикуваа тешкотии доколку граѓаните сакаа онлајн да ја следат работата на законодавниот дом.

Проблемот со интернет страницата Sobranie.mk се провлекуваше со години наназад. Редизајнот беше дел од Стратешкиот план на Собранието за периодот 2020-2022, каде една од целите беше „отворен парламент“. За реализирање на оваа цел меѓу планираните активности се „реформа на собранискиот канал“ и „лесно пребарлива интернет страница и проактивно користење социјални мрежи“.

Во јули 2021 година, Собранието до усвои Акцискиот план 2021 – 2023. Дел од препораките кои беа предложени од граѓанскиот сектор во целиот процес на ко-креација беа прифатени и влегоа во финалната верзија на акцискиот план, додека дел беа одбиени. Новиот Акциски план, има три главни начела: „Собранието за граѓаните со отворен одговор “, „Подобрена ИКТ инфраструктура“ и „Учество на граѓани/отворен Парламент“. Целите на Акцискиот план, ќе се исполнуваат преку реализација на 11 соодветни достигнувања меѓу кои „Изработка на софтверско решение за следење на законодавниот процес од јавноста“, „Отворена е-архива софтвер за пребарување од јавноста и последно“ и „Набавка на камери со пропратна опрема за интернет пренос на седници“.

Отвореност на Парламентите на Западен Балкан _ „Индексот на отвореност“ е сложен индикатор што го мери степенот до кој властите во земјите од Западен Балкан се отворени за граѓаните. Парламентите се едни од институциите кои се опфатени со овој индекс. Резултатите кои на годишно ниво се објавуваат во рамките на овој индекс, ја покажуваат отвореноста на законодавната власт на парламентите на Албанија, Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Индексот го мери степенот до кој Парламентите се отворени за граѓаните и општество, врз основа на четири принципи: (1) транспарентност (2) пристапност (3) интегритет и (4) ефикасност/свесност.

Во 2018 година во однос на принципот транспарентност, највисоко се оценети парламентите на Црна Гора (79,09%) и Косово (78,73%). На трето место според транспарентност е Собранието на Северна Македонија (66,32%), а по него се наоѓаат парламентите на Албанија (60,45%), Србија (58,54%) и Босна и Херцеговина (49,74%). Албанија е на прво место кога станува збор за пристапноста на Парламентот за граѓаните (83,43%). Парламентот на Црна Гора е оценет со 69,82%, додека на Северна Македонија со 63,02%. По нив следуваат парламентите на Србија (58.88%), Косово (55,62%) и Босна и Херцеговина (37,16%).

Related posts

Пад на трговијата на мало и на индустриското производство

admin

СТАПУВА НА СИЛА ЕВРОПСКАТА ЗАБРАНА ЗА РУСКОТО ДИЗЕЛ ГОРИВО

ninja

Русија се повлече од Договорот за забрана на нуклеарни тестови. Еве што значи тоа

admin

Државата ги „опари“ партиите

admin

Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

admin

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin