15.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

ВИДЕО Во Скопје приведени тројца бивши борци на ИСИС

Три државјани на С:Македонија денеска се уапсени при акција на МВР заради учество во воени десјтвија во ИСИС, пренесува Инбокс7.

„Во рамки на глобалната борба против тероризмот, МВР односно Бирото за јавна безбедност- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност и Република Франција, која постапи по меѓународна потерница издадена од нашата држава, реализираше случај, при што од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија“, соопшти МВР.

„Во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија.“, вели МВР

Како што се информира, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.

Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.

 

Related posts

НОВ ШЕФ НА ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ СЕ БИРА ИДНИОТ ПОНЕДЕЛНИК

ninja

Туризам: Хрватска поскапа од Грција и од Шпанија

admin

ЕВРОПА ПРЕД НАЈГОЛЕМИОТ ВОЕН СУДИР ОД 1945 ГОДИНА, ВЕЛИ БРИТАНСКИ ГЕНЕРАЛ

ninja

СРБИЈА НЕ СЕ СОГЛАСИ СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА САНКЦИИ ПРОТИВ ИРАН

ninja

Ахмети: ВМРО има прогресивни сили, време е да поминат уставните измени

admin

Спасеновски: Влада без ДУИ ќе ги комплицира работите

admin