12.8 C
Скопје
14 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

Првиот вицепремиер, Артан Груби на свеченото одбележување на Денот на
победата против фашизмот и Денот на Европа го истакна големото значење
кое храброто донесување на одлуки го имаше за напредокот на државата од
прогласувањето на независноста до денес.

Груби во својот говор хронолошки потсети на сите предизвици низ кои
успешно помина Република Северна Македонија, како земја секогаш
посветена да ја задржи својата ориентација кон вратите на Европа. Тој
истакна дека овој состав на Владата има лидери кои се спремни да
започнат процес на помирување и да преземаат храбри одлуки за иднината
на државата. Истотака, Првиот вицепремиер Груби апелираше за единство во
стремежот за креирање на европска иднина за граѓаните на нашата земја.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост говорот на првиот вицепремиер
Артан Груби:

Денеска накратко ќе зборувам за храброста и помирувањето. Нашиот
континент во целата своја историја, 2/3 од својот период го поминал во
периоди на војна, само 1/3 од историјата на европскиот континент бил мир
и мирот дошол кога луѓето храбро застанеле заедно и донеле храбри одлуки
за помирување.

Потребни беа храбри лидери и граѓани од сите наши земји од целиот
континент за да се спротивстават на фашизмот, агресијата, војната и по
помирувањето беше потребно да се здружат за да го реализираат
најголемиот европски проект во историјата на континентот.

Во 1991 година, беше потребно храбри лидери на нашата земја да прогласат
независност и да постигнат помирување меѓу заедниците за да продолжиме
напред кон изградба на заедничка држава.

Во 2001 година беа потребни храбри мажи и жени за да склучат мировен
договор, Охридскиот рамковен договор, а потоа да се постигне договор
меѓу нас, за да продолжиме напред со добивање статус на земја кандидат
за интеграција во Европската Унија.

Истото се случи и со Преспанскиот договор, потребни беа храбри лидери и
граѓани за да се помириме со нашите соседи, за да го склучиме
Преспанскиот договор, да го измениме Уставот и потоа да станеме членка
на НАТО во овие турбулентни времиња за нашиот континент.

Сега се потребни повторно храбри лидери, потребен е процес на помирување
за да станеме земја-членка на Европа. Во оваа Влада има лидери кои се
подготвени да започнат процес на помирување и да донесат храбри одлуки
за иднината на нашата земја, иднина како земја членка на НАТО, на
Европа, ориентирана кон евро-американската заедница. Затоа, би сакал да
ве замолам сите вас, по повод оваа многу важна годишнина, на Денот на
Европа, на Денот на победата над фашизмот, да се здружиме и уште еднаш
да бидеме храбри, да се помириме и да создадеме европска иднина за
нашите граѓани.

Related posts

Петар Гошев: Ни треба револуција за правна култура

admin

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

Како ќе се определи Алијанса – за промени или како досега?

admin

Судски совет наспроти холандскиот амбасадор-работиме законски

admin

Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

admin