2.8 C
Скопје
30 ноември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Загриженост во Берлин: Германската економија падна во рецесија

Во првите три месеци од 2023 година, економијата се намали за 0,3 проценти, покажуваат податоците на државната агенција Дестатис, што е намалување на првичната прогноза за раст од нула проценти, јавува ДВ.

По падот за 0,5 проценти во последните три месеци од 2022, тоа е втор последователен квартал на негативен раст на германската економија, што е основа за „техничка рецесија“.

Причина за негативниот тренд се високите цени на енергенсите по руската инвазија врз Украина, кои особено влијае врз домаќинствата и стопанството.

Високата цена на енергенсите предизвика инфлација која во април достигна 7,2 степени, мало намалување од пикот кон крајот на 2022 година.

„Постојаното зголемување на цените и натаму е товар за германската економија на почетокот на годината“, соопшти Дестатис. Влијанието особено го почувствуваа потрошувачите кои мораа да го намалат трошењето на храна и облека.

Негативните резултати во растот не се изненадување по серијата слаби економски индикатори.

„Раните индикатори укажуваат дека состојбата ќе остане слаба и во вториот квартал на 2023“, вели Јенс-Оливер Никлаш, аналитичар во ЛББВ банката.

Индустриските нарачки, кои се показател за производството во фабриките, доживеаја огромен пад во март споредено со истиот месец минатата година.

Официјалните прогнози за економскиот раст годинава беа околу 0,4 проценти, но новите бројки ќе ги загрижат властите во Берлин.

Канцеларот Олаф Шолц претходно укажуваше дека Германија сторила доволно за да избегне рецесија. Последната рецесија во Германија се случи за време на пандемијата на коронавирусот на почетокот на 2020 година, кога големи сектори од економијата останаа затворени.

Related posts

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

Ветингот му пресуди на претседателот на Уставниот суд на Албанија

admin

ШИРОКО СЕ ОТВАРААТ ВРАТИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НА КОРУМПИРАНИТЕ

ninja

ЕУ ПОВИКУВА НА СМИРУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ СОФИЈА И СКОПЈЕ

ninja

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja