31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски пред странските студенти: Отворен Балкан создава нови перспективи за Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше домаќин на 54 студенти од 17 земји во светот од престижните американски универзитети Харвард и Масачусетс Институтот за технологија, кои деновиве се во посета на земјите од иницијативата Отворен Балкан.

“Ми беше особено драго што повторно имав можност да се потсетам на моите професорски денови и да разменам со нив идеи и размислувања околу достигнувањата на нашата држава и нејзините планови за раст.”, вели Ковачевски.

Тој вели дека пред гостите ги претставил нашите перспективи на економски и политички план, истакнувајќи дека “нашата држава се докажа како кредибилен партнер на НАТО и ЕУ, каде цврсто го заштитивме нашиот македонски идентитет и нашиот македонски јазик.”

“Испратив силна порака – Северна Македонија создава поволна средина со огромни потенцијали за регионот и светот и отвора нови видици посебно за младите. Овие перспективи се уште поголеми во рамките на Отворен Балкан, каде можностите за силни партнерства и инвестиции се огромни.”, вели Ковачевски во изјава објавена на Фејсбук.

Related posts

Џезаири: Залагањето на Мицкоски за бришење на ДУИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да негува антиалбанство

admin

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

admin

Русија ја погоди Украина со ретко користената ракета „Орешник“ во нов бран напади

admin

Френк Каприо, „Судијата на народот“, почина на 88 години

admin

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче дека „навредите ги претвора во комплименти“

admin

Германски изборни резултати во графикони

admin