35.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонците незадоволни од политичките слободи

Испитаниците од РСМ немале големи очекувања за промена на состојбите и во иднина, покажува глобалното истражување на „Галуп интернешнл“, пренесува Дојче веле на македонски јазик.

Мнозинство од граѓаните на Северна Македонија сметаат дека „не се доволни“ политичките слободи во земјата, уште поголемо мнозинство дека „не се доволни“ економските можности, а поделен е впечатокот дали политичките слободи и економските можности ќе се подобрат во следните 25 години. Ова го покажуваат објавените резултати од глобалното истражување (август-октомври 2022) спроведено за 75-годишниот јубилеј на Светската асоцијација Галуп интернешнл, кое опфаќа околу две третини од светската популација (и повеќе од 90% од оние земји во кои слободно се спроведуваат и објавуваат истражувања на јавното мислење).

На прашањето „како би ги оцениле политичките слободи – доволни ли се или не во вашата земја“, 25 % од испитаниците во Северна Македонија одговориле дека политичките слободи „се доволни“, а 70% се изјасниле дека „не се доволни“. По ова прашање земјата е речиси на дното на ранг листата. Поголем процент на испитаници кои се изјасниле дека „не се доволни“ политичките слободи во нивната земја има само во Сиера Леоне (75%), Брег на Слоновата Коска (72%) БиХ (77%) Еквадор (78%), Либија (83%) Нигерија (86%) и Перу (82%).

На прашањето – дали се доволни економските можности, во Северна Македонијасамо 8% од испитаниците се изјасниле дека „се доволни“, а 88% дека „не се доволни“. Зад РСМ на оваа ранг листа се само четири земји: Перу и Аргентина со 90% („не се доволни“) а последна на листата е БиХ со 92% од испитаниците кои одговориле дека економските можности „не се доволни“, за разлика од само 6% кои сметале дека „се доволни“.

Related posts

Нагел: Десничарскиот екстремизам – закана за економијата

admin

ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В НЕДЕЛА ИЛИ ПОНЕДЕЛНИК

ninja

Нема заеднички јазик за јазикот во Чашка – политиката ги затвори училниците

admin

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

admin

Израелско-палестинската војна може дополнително да ја тестира надворешната политика на ЕУ

admin

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja