19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Мицковски: СДСМ и ДУИ формираа антимакедонски фронт

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владејачката коалиција дека таа е антиевропска и дека формирала антимакедонски фронт, одговарајќи на прашањето на СДСМ дали е за ЕУ или не.

„Цело ВМРО-ДПМНЕ, не дел од ВМРО-ДПМНЕ е на бродот кон Европската Унија. Било, е и ќе остане на тој брод. Мене ме загрижува дека дел од раководството на СДСМ, не цело СДСМ заедно со ДУИ формираа, наместо како што оние го нарекоа Европски фронт, формираа антимакедонски фронт. И тоа ме загрижува, бидејќи тоа е една појава на уништување на сопствениот народ, за да може да биде задржана сопствената позиција“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од друга страна, СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реши на која страна ќе застане.

„Наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинарање на државата“, изјави Жаклина Лазареска од СДСМ.

Related posts

Мицкоски уверува дека Владата е стабилна, покрај тензиите во коалицијата

admin

Арсовска до власта: Нека ги видат Тетово и Гостивар

admin

Пред Скопје – уставните измени, пред Тирана – Белери

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

По ланскиот упад, М-НАВ без агенциско обезбедување со месеци – Синдикатот предупредува за безбедноста

admin

Обвинителката Ристоска алармира: Вратите за притисоци се отворени

admin