23.8 C
Скопје
26 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Спасовски за АЛСАТ: Околу 180.000 парчиња регистрирано оружје во државава

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ексклузивното интервју за Алсат рече дека во земјава има околу 180.000 парчиња официјално регистрирано оружје и оти на 4 јуни завршува рокот за промена на дозволата за употреба на огнено оружје. Според него, во текот на 2022 и 2023 година имало намалување на интересот за вадење дозволи за огнено оружје.

„Според податоците со кои располагаме и врз основа на проектот во кој работиме во ОБСЕ за создавање дигитална база од влегувањето на оружјето во државата до корисникот, имаме околу 180 илјади во државата . Не можеме да зборуваме со апсолутни податоци за лицата кои поседуваат бидејќи за една дозвола може да се дадат 10 одобренија за нарачка на оружје и на годишно ниво работиме не само со нови дозволи, туку и со дозволи кои истекуваат. Важно е дека секоја година паѓаат бројките кои се однесуваат на нарачаното оружје. Во 2021 година дадовме 3.365 согласности, во 2022 година дадовме 2.480 согласности и во 2023 година досега 1.697 согласности. Она што е важно за нас како граѓани и за оние кои поседуваат оружје е дека 4 јуни 2023 година е краен рок за промена на старите дозволи за употреба на огнено оружје со новите дозволи. Апелирам до граѓаните тоа да го направат согласно законските рокови. По овој рок ќе бидат преземени ригорозни мерки за оние кои нема да го почитуваат тој рок“, вели Спасовски.

Тој вели дека МВР континуирано работи на откривање нелегални активности кои се однесуваат на употреба, изработка и трговија со огнено оружје. „Забележавме пораст на истражните дејствија за 12,4 отсто, додека за откривање на сторители на кривични дела истражната активност е зголемена за 8 отсто. Така за 2022 година откриени се 199 кривични дела од кои се идентификувани 210 сторители на кривични дела. околу биле одземени огнено оружје. Во 2023 година досега се откриени 49 кривични дела од 53 сторители и одземени се 28 огнено оружје. Најголем број од нив се од Тетово и Скопје. Ова е една од главните активности. Имавме две рации пред неколку дена, една во Битола и една во Гевгелија“, вели Спасовски.

 

Related posts

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Локални избори во Турција, главната политичка битка се води за Истанбул

admin

Меџити: Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме

admin

Жртви и заложници од 23 земји на светот

admin

Мицковски се сретна со Гир

admin

Петте поенти од говорот на Урсула фон дер Лајен

admin