20.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, 14 мај, изјави дека „владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници“, како одговор на најавите на неколку помали коалициски партнери дека ќе го напуштат владиното мнозинство доколку не им бидат исполнети нивните барања, јавува РСЕ.

„Нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање“, изјави денеска премиерот Ковачевски пред почетокот на трибината „Енергетска безбедност и зелена транзиција“.

Вчера од партијата Достоинство најавија дека ќе го преиспитаат нивното членство во владејачкото мнозинство поради одбивањето на пратениците од СДСМ да поддржат измени на законот за бранителите, иницирани од Достоинство.

Претходно, ДОМ имаше забелешки околу предлогот за воведување една изборна единица, а забелешки за неколку закони имаше и ВМРО-НП.

„Партијата ДОМ имаше изјава во однос на изборниот модел, односно една изборна единица. СДСМ е првата партија која тој модел го стави во својата програма и од тоа не сме отстапиле. ВМРО-НП уште од почетокот имаше прилично конзистентен став во однос на одредени закони, но тоа не влијае на генералните правци на Владата“, рече Ковачевски.

Во однос на најавите од Достоинство, премиерот рече дека има исклучителна почит за нивниот претседател и за членовите на партијата и дека ќе разговараат за законските решенија што ги предлагаат тие и нивната усогласеност со другите.

Related posts

Заврши времето на пораки во дипломатски ракавици

admin

СИЛНО ЕХО ПО ПОТЕРНИЦАТА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЗА ПУТИН

ninja

Мицотакис или Ципрас, кој ќе победи на парламентарните избори во Грција?

admin

Започна војна на кланови за тронот на Путин

admin

ТАРАВАРИ: СЕ ФИНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

ninja

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

admin