13.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Приведен гостиварец, се однесувал агресивно со вработените на општината

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска (11 мај) околу 10.15 часот го лишиле од слобода Б.Т.(48) од Неготино, полошко, кој десетина минути пред тоа бил пријавен дека агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште, во кој бил сместен Секторот за урбанизам, известува МВР.

„Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи. Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР.

Related posts

Ужасен случај: 14-годишна натерана на секс со возрасни, се согласила да ги спаси помалата сестра и брат

admin

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

Во Арачиново приведен криумчар на мигранти

admin

Приведен 66-годишник од Скопје, бил баран со централна потерница

admin

16-годишник од Скопје украл мотор, полицијата го враќа на сопственикот

admin

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin