35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

Сајбер криминал во Тетово: над 500.000 долари преку нелегална платформа

Полицијата уапси две лица осомничени за администрирање на нелегален онлајн пазар, во акција спроведена во тетовското село Реџица, соопштија властите.

Акцијата ја спровел Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, во координација со информации добиени од ФБИ, во рамки на заедничка истрага за платформата „OLVX“.

Според првичните информации, преку платформата биле реализирани трансакции во вредност од над 500.000 американски долари.

Истражителите наведуваат дека онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени, содржејќи база на податоци со компромитирани лични информации за кориснички и продавачки сметки.

Во системот биле регистрирани над 2.600 корисници и околу 1.500 продавачи.

Со наредба на Основниот суд во Тетово извршени се претреси во домовите на осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), државјани на Северна Македонија, при што тие биле приведени на лице место.

При акцијата се запленети десктоп компјутери, лаптопи и мобилни телефони, кои ќе бидат предмет на дополнителна форензичка анализа.

Двајцата осомничени се задржани во полициска станица, додека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и идентификација на други можни инволвирани лица.

Related posts

Трагедиите во Букурешт и Кочани ја отворија дебатата за превенција и институционален одговор

admin

ССМ на протест во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

admin

Судење за пожарот во „Пулс“: „Прскалките се вклучија на рефрен – никој не го сфати сериозно повикот да бегаме!“

admin

Реакции за албанскиот јазик во „Safe City“: ДУИ бара оставка од Костадиновски, Ќоку го нарече шовинист

admin

Грчката амбасада реагира поради употребата на „Македонија“ од Меланија Трамп

admin

Чистка во врвот на кинеската војска: Дали Си подготвува армија за Тајван или се бори за политички опстанок?

admin