2.8 C
Скопје
30 ноември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Совет на амбасадори на САД престојуваа во Скопје: Да не зе блокира евроинтеграцијата на С.Македонија

Американско-македонските односи, ситуацијата во земјата, регионалните прашања, влијанието на војната во Украина врз Западен Балкан, евроинтеграциите – ова биле прашањата за кои се интересирал тимот на Советот на американски амбасадори. Членовите на ова тело, кои се во посета на регионот, денеска во Скопје се сретнаа со државниот врв и со партиските лидери,  известува Гласотна Америка.

„Претседателот Пендаровски ги информираше соговорниците за актуелните прашања од европските интеграции на земјата, како и реформските процеси кои треба да се спроведат во поглед на владеење на правото и борбата против корупцијата. Исто така, се разговараше и за состојбите во регионот, како и за безбедносните предизвици во Европа кои се последица на руската воена агресија во Украина“, соопштуваат од кабинетот на шефот на државата.

На агендата на поранешните амбасадори на САД беше и средба со собранискиот спикер. Џафери ги информирал за процесите во парламентот.

„Беше истакнато дека стратешкото партнерство меѓу двете земји се заснова на заеднички вредности и интереси, а Република Северна Македонија е посветена на тесната соработка со САД за низа прашања, вклучувајќи ја безбедноста, економскиот развој и демократското владеење. Гостите беа запознати со досегашниот напредок на земјата во ЕУ-интеграциите, со предизвиците со кои се соочува и со обврските кои Собранието ги реализира во однос на ова прашање“, информираат од кабинетот на Џафери.

На состанокот со лидерот на опозицијата едно од главните прашања било она за уставните измени. Мицкоски го повторил ставот на неговата партија – дека ќе нема промена на Уставот под бугарски диктат.

„Се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација како и за македонските евроинтеграции, при што претседателот Мицкоски истакна дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тој потенцираше дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки – патот на земјата кон ЕУ да биде базиран на Копенхашките критериуми без дополнителни услови“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешните средби тимот амбасадори порачал дека членството на Северна Македонија во ЕУ е стратешка цел и затоа треба сите политички фактори да бараат решенија за предизвиците на патот кон Брисел.

Советот на американски амбасадори е организација со повеќе од 200 амбасадори на САД која работи во поддршка на Стејт департментот и преку мисии за утврдување на факти во странство, како што е и посетата на Македонија.

Related posts

ВЕСНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИ ОД ДРЖАВАТА

ninja

ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ ЧЕШКИ АМБАСАДОР: РУСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА Е ОПАСНОСТ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА

admin

Руските воздухопловни сили претрпуваат големи загуби северно од границата со Украина

admin

НАТО ПРЕСРЕТНАЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ КОН МАКЕДОНИЈА

ninja

Регулирање на пазар со ознака „гарантирана цена“

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin