30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Славески: Становите не поскапуваат поради монетарната политика 

Зголемувањето на цените на становите во земјава не е резултат на монетарната политика на Народната банка, туку на ограничената понуда и зголемената побарувачка, изјави во интервју за “Трилинг” гувернерот Трајко Славески, посочувајќи дека каматните стапки не се на ниво што би стимулирале прекумерно кредитирање за недвижности.

„Нашите каматни стапки не се ниски – тие се поставени на начин да не го поттикнуваат преголемото задолжување, особено за станбени кредити. Становите поскапуваат пред сè поради понудата која не може да одговори на побарувачката,“ рече Славески.

Тој додаде дека Народната банка внимателно ја следи состојбата на пазарот на недвижности и дека, досега, нема индикации за создавање балон. „Ако се појават ризици, имаме инструменти да реагираме,“ нагласи гувернерот.

Во продолжение, Славески се осврна и на состојбата со девизните резерви, прашањето за откуп на монетарно злато, курсот на денарот, состојбата со јавниот долг, како и потребата за законско решение за личен банкрот на граѓаните со блокирани сметки.

Девизни резерви стабилни, девизниот курс не се менува, откупот на златото под лупа

Славески посочи дека и односот меѓу девизните резерви и краткорочните обврски на државата е на задоволително ниво. Тој најави анализа за прекинот на откупот на монетарното злато од домашните рудници, кој последен пат редовно се вршел до 2004 година.

„Контактиравме со Банката на Англија за нова инспекција на златото. Тоа е редовна пракса со која ја покажуваме грижата за сопствените резерви“, рече Славески.

Тој истакна дека количината на злато не се променила од 2004 година, со мали осцилации во 2015-2016. „Мора да се прашаат моите претходници зошто не се купувало злато. Во некои држави, како БиХ, тој процес продолжил, иако со мали количини“, рече гувернерот.

Во однос на можната реактивација на откупот од рудникот „Бучим“, Славески најави проверка дали постојат технолошки или други пречки.

Фиксниот девизен курс останува – ризикот од девалвација минимален

Славески изјави дека постои широк консензус во државата дека сегашниот девизен режим, фиксен курс на денарот кон еврото, добро и служи на македонската економија и треба да остане до евентуално пристапување во еврозоната.

„Корекција на курсот би направила повеќе штета отколку корист“, рече тој.

Гувернерот посочи дека клучот за стабилен курс е усогласеноста на инфлацијата со онаа во еврозоната. „Ниската инфлација е цел. Кога граѓаните ќе престанат да размислуваат за инфлација – тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат,“ изјави Славески.

Банкрот не се очекува, еврообврзниците под контрола

Во врска со еврообврзницата со каматна стапка од 9,875%, издадена во неговиот мандат како министер за финансии, Славески рече дека стапката ја одразувала тогашната пазарна реалност и дека задолжувањето под 10% било постигнување, имајќи предвид тогашната референтна камата од 9% и приносите од претходни издадени хартии.

„Државата нема проблем со сервисирање на надворешниот долг,“ рече тој. Во 2026-та доспева обврзница од 700 милиони евра, за која Министерството за финансии треба да обезбеди средства.

„Држави не банкротираат – тие може да имаат потешкотии и да бидат отсечени од финансиските пазари, како што беше случајот со Грција,“ додаде Славесki.

120.000 блокирани сметки – закон за личен банкрот во подготовка

Славески изјави дека бројката од 120.000 граѓани со блокирани сметки можеби не е целосно точна и треба дополнително да се провери, но оти проблемот постои и е долгогодишен.

„Има и фирми кои немаат пристап до официјален финансиски пазар и се задолжуваат кај финансиски друштва со високи камати“, рече тој. Според него, со законска регулатива и системски решенија, може да им се помогне на десетици илјади граѓани.

Избор на нови вицегувернери во тек – без фаворити

Во врска со истекувањето на мандатите на вицегувернерите, Славески изјави дека постапката е транспарентна и дека јавниот оглас е во тек до 31 јули.

„Немам фаворити. Ќе предложиме компетентни кандидати со искуство во монетарна политика и платни системи“, рече тој.

 

 

 

 

 

Related posts

Поразот на Орбан отвора простор за потопли односи меѓу Унгарија и ЕУ, а за Македонија ефектот ќе биде индиректен

admin

Се иселиле млади колку едно Куманово: Населението во државата сѐ повеќе старее

admin

ЕУ лидери sвонат на Македонската врата – Последна шанса за преговори?

admin

Сијарто ги отфрли обвинувањата за пренос на доверливи ЕУ-информации до Русија

admin

Меџити: Коридорот 8 – решавачки чекор

admin

Пентагон нареди американските сили да бидат подготвени да се распоредат на Блискиот Исток

admin