22.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети му враќа на Меџити: ДУИ беше, е и ќе остане авангарда на националното прашање

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му врати на потпретседателот на партијата Изет Меџити, по неговите обвинувања дека “од партија на војната, станала партија на казината”.

“ДУИ била, останува и ќе биде партија и авангарда на националното прашање во Северна Македонија. Беше, е и ќе остане“, изјави првиот човек на ДУИ.

Ахмети собрал ноќеска “интегративците” во седиштето на партијата во Мала Речица во Тетово за да ја разгледаа актуелната политичка состојба во земјата, јавува Инбокс7.

Пред почетокот на средба Ахмети рече дека се собрале да разговараат за случувањата во ДУИ, внатрешните партиски избори по ограноци и мобилизација на координатори и шефови на изборни штабови. Ахмети ги отфрли гласините дека се собрале да разговараат за разрешување на припадниците на Огнената група.

„Нема врска со разрешувања или обвиненија. Имаме консултации, консултации за случувањата за почеток на избори во ДУИ, избори во ограноци и мобилизација на координатори, шефови на изборни штабови.”, изјави Ахмети.

Официјално од ДУИ соопштуваат дека една од точките на разговор е посетата во САД на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи и разговорите што државната делегација ги имаше со највисоките американски лидери. Посетата едногласно била оценета како исклучително значајна и успешна.

„Средбите во САД се одржаа во клучно време кога се прават напори за иднината на државата и се носат важни одлуки за граѓаните. На сите средби со највисокиот шеф на американската држава беше добиена целосна и јасна поддршка за европскиот пат по кој земјата решително оди. Позитивните укажувања од американската влада се резултат на вербата во посветеноста на Владата на Северна Македонија на демократските принципи и европската интеграција”, се вели во соопштението на ДУИ.

Според партијата на Ахмети, нашата земја е препознаена како фактор на регионална стабилност и односите со САД се на историски високо ниво. “Претставниците на Соединетите Американски Држави ги препознаваат и поддржуваат напорите за исполнување на критериумите на ЕУ и посветеноста за спроведување на виталните реформи во сите сегменти.”

“Пораките на нашите стратешки партнери се и потврда за правилната политика и насока која ДУИ ја следи континуирано и без компромиси. Ги повикуваме сите политички партии и пратеници да се приклучат и да ја поддржат европската иднина на државата. Ова се историски моменти за иднината на државата, време е за лидерство и храброст“, се вели во соопштението на ДУИ.

Освен посетата на САД, тема биле и внатрешните случувања во ДУИ во однос на фракцијата позната како Огнена група.

 

Related posts

Опожарената Пошта цела деценија чека пари за поправка

admin

Греам вели дека Турција станува „одред“ на НАТО

admin

По терористичкиот напад се огласи Путин: Сите ќе ги казниме

admin

НАТО СО ОДГОВОР КОН РУСИЈА: ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ПОЛИТИЧКА И ЕКОНОМСКА ЦЕНА

admin

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна и нема да ги гласа уставните измени

admin

Абу Даби нуди 11 милијарди долари за да ја купи германската Ковестро

admin