11.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

Учениците и младите се соочени со бројни предизвиците што ги носи дигиталното време, вели професор Тамара Ќупева, научен соработник при Институтот за македонска литература. Булингот е меѓу главните проблеми за кои вели прво треба да биде препознаен во околината на жртвите, особено од училишните психолози.

“Проблемот, се разбира, е многу комплексен. Дали тоа е решение? Апсолутно не. За оние кои работат или работеле со млади луѓе, јасно е дека тоа нема да донесе некаков исход, од аспект на тоа што неколку земји досега се обидуваат, особено кога станува збор за „ТикТок“, да воведат некакви забрани, меѓутоа тие забрани се од друга природа. Тоа е забрана за користење на таа апликација на службените телефони и исклучиво од аспект на заштита на личните податоци за кои се сомнева дека протекуваат преку таа апликација. Но кога зборуваме за децата, особено за основците и средношколците, потребни се други механизми коишто ќе го подготват детето за негова комуникација со јавноста и со околината во тој виртуелен простор.”, вели таа во интервју за РСЕ.

За да има одговор од системот, Ќупева вели дека првенствено булингот треба да биде препознаен од оние коишто се во непосредната околина на жртвата на булингот. “Разликата меѓу овој тип на насилство на социјалните мрежи и онлајн и она на што претходно бевме навикнати е апсолутно различна. Овој тип на насилство е прилично невидлив, бидејќи единката што е жртва многу често сама се обидува да се справи состојбата и ситуацијата во којашто е, и многу ретко оние кои се сведоци на тоа почнуваат да реагираат на начин на којшто треба да реагираат”, оценува таа.

Според Ќупева, јасно е дека првиот сервис треба да бидат Психолошките служби во училиштата, но секако треба да се има предвид и големината на училиштето и капацитетите на тие служби. “Постојат училишта со над 1200-1300 ученици, а само еден психолог во училиштето и навистина тој механизам на скрининг, на мониторинг, на реакција е прилично отежнат. Во училишта со помал број ученици, психологот заедно со наставниот кадар треба да детектираат. Она што најчесто се случува е дека деца кои се сведоци на таков вид на насилство да ги испратат првите знаци дека нешто се случува со некое дете во одделението, во класот. Жртвата обично последна или дури тогаш кога веќе нема да има механизми да се справи со тоа реагира кај блиските, дома, другарчињата и потоа да се обрати со Службата.”

Related posts

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin

Паѓа градежниот бизнис – за една година изградени 530 станови

admin

Масакар во САД: Најмалку 16 убиени, десетици повредени во масовно пукање

admin

Османи: Загрижува влошувањето на односите на Косово со меѓународната заедница

admin

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

Бајден вели дека помошта може да влезе во Газа во петок

admin