36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Загриженост во Берлин: Германската економија падна во рецесија

Во првите три месеци од 2023 година, економијата се намали за 0,3 проценти, покажуваат податоците на државната агенција Дестатис, што е намалување на првичната прогноза за раст од нула проценти, јавува ДВ.

По падот за 0,5 проценти во последните три месеци од 2022, тоа е втор последователен квартал на негативен раст на германската економија, што е основа за „техничка рецесија“.

Причина за негативниот тренд се високите цени на енергенсите по руската инвазија врз Украина, кои особено влијае врз домаќинствата и стопанството.

Високата цена на енергенсите предизвика инфлација која во април достигна 7,2 степени, мало намалување од пикот кон крајот на 2022 година.

„Постојаното зголемување на цените и натаму е товар за германската економија на почетокот на годината“, соопшти Дестатис. Влијанието особено го почувствуваа потрошувачите кои мораа да го намалат трошењето на храна и облека.

Негативните резултати во растот не се изненадување по серијата слаби економски индикатори.

„Раните индикатори укажуваат дека состојбата ќе остане слаба и во вториот квартал на 2023“, вели Јенс-Оливер Никлаш, аналитичар во ЛББВ банката.

Индустриските нарачки, кои се показател за производството во фабриките, доживеаја огромен пад во март споредено со истиот месец минатата година.

Официјалните прогнози за економскиот раст годинава беа околу 0,4 проценти, но новите бројки ќе ги загрижат властите во Берлин.

Канцеларот Олаф Шолц претходно укажуваше дека Германија сторила доволно за да избегне рецесија. Последната рецесија во Германија се случи за време на пандемијата на коронавирусот на почетокот на 2020 година, кога големи сектори од економијата останаа затворени.

Related posts

Бриг. д-р Сафет Мушиќ: Секое ново сведоштво е важно за целосното разбирање на злосторствата во опсадата на Сараево

admin

Каде беше Мицкоски една недела? Премиерот откри: Четири дена во Бриж, три во Брисел

admin

ЕУ со остри оценки за Македонија: „Ужасни“ затвори, ризици за медиумите и закони што не се спроведуваат

admin

Германскиот генерал Бројер: Северна Македонија е клучен столб на стабилноста во регионот

admin

Паника на луксузен крузер: мистериозен вирус однесе три животи

admin

Државата ги „опари“ партиите

admin