31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Зголемени платите на здравствените работници

Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за здравство, за зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година, пренесува Инбокс7.

 

Според владата, Министерот за здравство ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството.

Според образложението од Министерството за здравство, покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари или 2.000 денари се однесуваат на сите вработени во јавните здравствени установи.

“Владата на Република Македонија ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со коишто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година.”, се вели во соопштението.

Related posts

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПРОРУСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ КОИ ГО УРНАА МХ17

ninja

Меџити: Писмата на Ахмети – празни муабети

admin

Онкологот Пешевска доби условна казна, судењето продолжува за останатите обвинети во случајот „Онкологија“

admin

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja

Стармер под притисок: Ќе се бори за функцијата и ако биде предизвикан

admin

БИХ: КАНДИДАТСКИ СТАТУС ВО ЕУ КАКО НАГРАДА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ

ninja