7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Спасовски: Денес се навршуваат 8 години од „Диво Насеље” – никогаш да не се повтори!

По повод 8 години од „Диво насеље“, министерот на МВР, Оливер Спасовски, преку Фејсбук статус порача вакви настани да не се повторуваат, пренесува Инбокс7.
„Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи –
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Нека им е вечна слава! 🇲🇰
Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.
Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“

Related posts

Техничката влада пред породилни болки

admin

Полициска акција во Тетово, приведени две лица

admin

Истражување на РСЕ: Таткото на министерот Бочварски планира да гради фабрика и фотоволтаична централа

admin

Партиите во низок старт за локалните избори

admin

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

Стојаноска: Ахмети нудеше влез во Владата – сега зборува за „договор“ за избори

admin