12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ХРОНИКА

16-годишник од Скопје украл мотор, полицијата го враќа на сопственикот

Денеска (09.05.2023) во 02.45 часот на бул.,,Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје, информира МВР.

Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче. Во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот. Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related posts

Приведен жител на Студеничани, превезувал 10 мигранти од Сирија

admin

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

Без кацига, дозвола и со голема бучава – санксионирани 52 возачи на мотоцикли

admin

Приведен малолетник, се обидел да одземе паричник од жена

admin

Пронајдени исчезнатите мотоциклисти од Штип

admin

Ужасен случај: 14-годишна натерана на секс со возрасни, се согласила да ги спаси помалата сестра и брат

admin