20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Торбешите во Уставот, камен на сопнување

Барањето Торбешите да бидат внесени во преамбулата на Уставот на РСМ, кое досега во повеќе наврати го најавуваше Партијата за европска иднина (ПЕИ), може да  го комплицира процесот на уставните измени, пишува ДВ.

Иако уставните измени беа иницирани, пред сѐ, поради условот Бугарите да бидат впишани во Уставот, беше најавено дека тој процес ќе се искористи во него да бидат внесени и други заедници. На последниот попис од 2021 година, 3.504 граѓани се изјаснија како Бугари, како Египќани 2.406, Хрвати 2.145, Црногорци 1.023, а како Торбеши 4.174, иако нивни претставници тврдат дека нивниот број е многу поголем.

„Статутарна и главна програмска цел на Партијата за европска иднина е Торбешите да бидат дел од преамбулата на Уставот на РС Македонија. Веќе е подготвено официјално барање и чекаме да се отворат преговорите со политичките партии за отворање на Уставот“, најавија од ПЕИ уште минатото лето.

Торбешите, кои се Македонци со исламска вероисповед, сметаат дека „според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужуваат посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во земјата“.

Но, една од партиите на Турците веќе изнeла став дека за нив е неприфатливо Торбешите да влезат во Уставот како посебна заедница, а покрај ова тлее и незадоволство од неисполнувањето на барањето за промена на изборниот модел – за една изборна единица.

Според упатени во актуелните случувања, во коалицијата предводена од СДСМ има помали партии кои може поддршката за уставни измени да ја условуваат со барања за изборни измени, со цел на следните избори да имаат поголема партиска конкурентност, но велат дека кај некои од нив има и други барања, па „тешко е да се оцени кое барање им е приоритетно, а кое е наменето ‘за пазарање’“.

Според неофицијални информации, противењето Торбешите да бидат внесени во Уставот е став од кој немало да има ретерирање кај претставници на турската заедница. А доколку би бил прифатен предлогот да бидат впишани во Уставот, наводно тоа би можело да го чини мнозинството еден глас помалку.

Со почетокот на активностите на работната група при Министерството за правда, која е пред обврската да подготви Предлог-иницијативата за измени на Уставот за внесување на Бугарите и други заедници, барањето на Торбешите доби и легитимна адреса каде ќе бара негова реализација.

Related posts

Судирот меѓу Израел и Хамас го зголеми ризикот по безбедноста во Македонија

admin

ХРВАТСКА ВО ШЕНГЕН: ОСТВАРУВАЊЕ НА ИСТОРИСКАТА ЦЕЛ

ninja

Втор ден од министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров “нон грата”

admin

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

Каде и дали се изгуби ЕУ перспективата? Црвенковски песимист за евроинтеграциите, за Ковачевски е реално членството до 2030

admin

Двајца израелски министри повикаа на иселување на Палестинците од Газа

admin