14.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕГИОН

Ќе прифати ли Берлин „промена на парадигмата“ на Балканот?

„Политиките на САД и ЕУ ги поддржуваат антидемократските сили на Балканот и создаваат опасен потенцијал за конфликт. Дали Берлин ќе го прифати тоа“, пишува „Тагесцајтунг“.

Досегашната стратегија на Западот на Балканот се превртува наопаку.  САД и ЕУ, од една страна, ја поддржуваат борбата на Украинците за демократски и западни вредности, а од друга страна, на Балканот прифаќаат етно-националистички позиции, надевајќи се дека ќе го ограничат влијанието на Москва. Ова е тезата која во својот напис за Тагесцејтунг ја изнесе долгогодишниот дописник на берлинскиот весник од регионот, Ерих Ратфелдер.

„Долго време западната стратегија беше демократизација на земјите од Западен Балкан и нивно воведување во заедницата на вредности на Европската Унија. Според некои американски критичари, тоа е напуштено“, пишува весникот, цитирајќи го мислењето на политикологот Јануш Бугајски, кој оценува дека „демократизацијата на општествата, соочувањето со минатото и човековите права на крајот повеќе не играат никаква улога“.

„САД всушност сакаат да го поделат Балканот на три зони на влијание: српска, хрватска и албанска. Според Бугајски, САД и ЕУ сега се стремат кон договор со етнонационалистичките сили на Балканот и ги напуштаат претходните прозападни и демократски позиции. Имајќи ја предвид војната во Украина, во Вашингтон се надеваат дека ќе го повлечат автократскиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, на страната на Западот, а во исто време ќе и угодат на хрватската десница, која е наклонета на Путин“.

Дали е тоа уште една пресвртница“, прашува авторот на статијата. А потоа оценува: „Под влијание на војната во Украина, Западот ја менува својата балканска политика. Сепак, отстапките за Србија може да доведат до опасни конфликти, според еден од најдобрите експерти во регионот, Курт Басуенер, од берлинскиот тинк-тенк Советот за политика на демократизација (ДПЦ).

Што ќе направи Берлин? 

Германскиот весник го наведува и ова: „Тоа што во Црна Гора по последните избори се зајакнаа просрпските, а со тоа и пропутинските сили, САД и ЕУ едноставно го прифатија“. Отпорот кон Милорад Додик, кој често отворено се однесува како пријател на Путин, ослабе во БиХ“.

„Додик би сакал дури и да ја укине функцијата висок претставник на меѓународната заедница, која во моментов ја извршува германскиот политичар од ЦСУ, Кристијан Шмит. Имено, тој со своите посебни овластувања сè уште има важен збор во Босна и Херцеговина. Но, Додик повеќе не мора да го прави тоа, бидејќи САД, ЕУ и високиот претставник веќе не му се закануваат со последици поради неговата политика“, пишува Тагесцајтунг.

„Антидемократските, националистички екстремисти на хрватскиот народ во Босна и Херцеговина се чини дека имаат поддршка, дури и против волјата на Бошњаците. Со поддршка од Загреб и широко распространето лобирање од Брисел, херцеговската екстремистичка партија ХДЗ успеа да ја преземе власта во Федерацијата Босна и Херцеговина. Со месеци Ескобар, Борел и Лајчак вршеа притисок врз партии кои не се националистички да се согласат на коалиција со хрватските националисти. Целта беше да се исфрли од власт бошњачката муслиманска национална партија СДА“.

Конечно, авторот на написот во берлинскиот весник ја резимира ситуацијата на следниов начин: „Политиката на САД и ЕУ ги поддржува антидемократските сили на Балканот и создава опасен потенцијал за конфликт. Многумина во Сараево се прашуваат каде е гласот на германската политика, кој до неодамна се сметаше за позитивен. Тој во моментов не се слуша. Дали Берлин, министерката за надворешни работи, Зелените и германските активисти за заштита на човековите права без прашање ќе ја прифатат промената на парадигмата на Балканот?  /DW

Related posts

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin

Бесими: Постигнавме договор со синдикатите за раст на платите, следи ребаланс на буџетот

admin

Тивка средба на експертските групи од Скопје и Софија

admin

Џафери: Тие што ме критикуваат нека се погледнат во огледало

admin

Според чија волја се управува Северна Македонија?

admin

На повидок битка за партискиот печат на АА

admin