29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДИК одобри нови акредитации – над 1.400 набљудувачи ќе ги следат локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одобри осум нови барања за акредитација за набљудување на локалните избори што ќе се одржат во недела, со што вкупниот број на домашни и странски набљудувачи достигна 1.462 лица.

Од нив, 808 се домашни набљудувачи, а 664 доаѓаат од странство, соопшти ДИК. Домашните се претставници на повеќе здруженија и невладини организации, додека меѓу странските најмногубројни се од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) – вкупно 524.

Набљудувачи ќе испратат и Европскиот парламент, повеќе странски амбасади во земјата, како и изборни комисии од Хрватска, Украина, Молдавија и Турција.

Денеска е последен ден од кампањата, а на полноќ започнува изборниот молк. Утре ќе гласаат болните и изнемоштените лица, додека на 19 октомври гласачките места ќе бидат отворени за 1,83 милиони избирачи.

Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Вториот круг од изборите е закажан за 2 ноември, кога ќе се соочат двајцата кандидати со најмногу гласови во општините каде градоначалник нема да биде избран во првиот круг.

За избор на градоначалник во првиот круг потребно е кандидатот да освои повеќе од 50 проценти од гласовите, при што излезноста мора да биде најмалку една третина од запишаните гласачи во соодветната општина.

Related posts

Француски брод минува низ Ормус, сигнал за промена на односите меѓу Иран и Франција?

admin

Беџети предупредува: Притисоците за повисоки плати без продуктивност ја загрозуваат економската стабилност

admin

Ахмети предупредува на закана за заедничката држава на одбележувањето на независноста

admin

Ковачевски: Нови барања нема, ново вето нема да има

admin

Кина се обидува да посредува во војната со Иран додека растат глобалните ризици

admin

Флорида ги брои трошоците за ураганот Милтон во услови на политичка бура

admin