36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Медиумскиот регулатор утврди прекршување за песна со националистички пораки на МРТ 2

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврди уреднички пропуст и прекршување на закон по емитување на детска музичка програма на МРТ 2 што содржела националистички и иредентистички пораки, соопшти регулаторот.

Спорната содржина била дел од фестивалот „Билбилите на Кораб“, емитуван на 28 март, во кој деца изведувале песни на албански јазик. Во фокусот на надзорот била изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“, која предизвика реакции во јавноста.

Според извештајот, изведбата вклучувала визуелни и симболички елементи поврзани со концептот за „Голема Албанија“, како и пораки што, според регулаторот, поттикнуваат нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност.

Агенцијата оцени дека прикажувањето на вакви содржини во програма наменета за деца претставува обид за индоктринација и злоупотреба на малолетници за политички цели, што е спротивно на принципите на соживот и толеранција.

Со надзорот е утврдено прекршување на член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој забранува содржини што поттикнуваат омраза и нетолеранција.

Регулаторот посочи дека дополнителна тежина дава фактот што програмата била емитувана на јавниот сервис со национална покриеност, што, според него, укажува на сериозен системски пропуст во уредувањето и контролата на програмата.

Случајот ќе биде разгледан на седница на Програмскиот совет на МРТ, закажана за утре, на која ќе се бара утврдување одговорност.

Претседателот на Советот Давор Пашоски изјави дека ќе биде побарано од директорот на МРТ, Марјан Цветковски, да покрене дисциплинска постапка за утврдување одговорност за пропустот.

Регулаторот наведе дека при оценката биле земени предвид европските стандарди за говор на омраза и праксата на Европскиот суд за човекови права, оценувајќи дека ограничувањето на вакви содржини е законско и неопходно во демократско општество.

Случајот отвори прашања за уредничката контрола и одговорноста во јавниот радиодифузен сервис, особено во програми наменети за малолетна публика.

Related posts

Скандал во МВР: Секое петто боледување лажно – казни од 1,2 милиони денари

admin

Приведени поранешни и актуелни функционери во проширената истрага за пожарот во Кочани

admin

Македонија ќе формира координативно тело за спроведување на инфраструктурен договор со Велика Британија

admin

Револуција во борбата против ракот? Нов лек целосно елиминирал тумори кај дел од пациентите

admin

„Израел веќе не е на масата, туку на менито“: Остра критика за Нетанјаху

admin

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

admin