20.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ангелов може да ја напушти владата на СДСМ и ДУИ

„Достоинство“, чиј лидер е директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави излегување од владината коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители.

„Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука.
Затоа, на денешната прес конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Доколку оваа нивна иницијатива биде отфрлена, вели Ангелов, „ Достоинство“ ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.

Related posts

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

СЕ ЗАМРЗНУВА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 33 ДЕНАРИ

ninja

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

Макрон не исклучува испраќање западни војници во Украина

admin

КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА НА 4 ФЕВРУАРИ?

ninja

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin