8.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Гир загрижен, коридорите 8 и 10д не треба да се означат со европското знаме

Евроамбасадорот во РСМ, Дејвид Гир, изјави денеска дека системот на европско знаменце се користи кога се усогласува домашната легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ.

“Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ”, изјави Гир.

Според него, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ, Северна Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.

“Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце”, рече Гир.

Related posts

Македонски државјанин повреден при напад на објект на ОН во Газа

admin

Размена на оган меѓу САД и Иран, Пентагон објави видео од нападите

admin

Мицкоски и Филипче оддадоа почит во Кочани

admin

Нова авиолинија: „Туркиш ерлајнс“ воведува четири летови неделно меѓу Истанбул и Охрид

admin

Мицкоски најави големи промени во Владата и ВМРО-ДПМНЕ, најавува убедлива победа на локалните избори

admin

Курти бара компромис за претседател – избори висат над земјата

admin