4.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДУИ вели дека “огнените” се самоисклучиле од партијата

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера заседаваше за да ги анализира и дискутира околностите и случувањата во земјата и во партијата,  се вели официјалното соопштение на партијата.

Меѓу другото, ДУИ вели дека жали за повлекувањето од партијата на Муса Џафери,  Изет Меџити,  Блерим Беџети, Невзат Бејта, Висар Ганиу и останатите кои ја сочинуваат фракцијата која не беше задоволна од начинот како првиот вицепремиер Артан Груби ја претставуваше партијата на централната власт.

“Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година”, се вели во соопштението.

Истовремено ДУИ донела одлука за официјализирање на изборниот процес во ограноците на ДУИ Централното претседателство, со што ја официјализираше одлуката за претстојниот изборен процес во ограноците на Демократската унија за интеграција а кок ќе се одржи на 2 Јули 2023 година.

“Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија”, се вели во соопштението.

Related posts

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

Страшна сообраќајна несреќа: Седум лица повредени

admin

Резолуцијата на САД ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Рекорден број хакерски напади врз институции, голем дел не пријавуваат

admin

Ковачевски: Нема закани за безбедноста, ни претстојат економски предизвици

ninja

Брегу: Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската yнија и Западен Балкан

admin