30.9 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ХРОНИКА

За еден ден 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор

Во текот на вчерашниот ден (08.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи, информира МВР.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, вели МВР.

Related posts

МВР: Уапсени 14 лица во акција против нелегална продажба на лекови и медицински помагала

admin

Возач фатен пијан зад воланот кај Куманово – казнети над 600 сообраќајни прекршоци за еден ден

admin

Познато име се поврзува со убиството на Вања, тој е надвор од државата

admin

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

Прегазен пешак во Тетово, возачот побегнал

ninja

Уапсени 13 возачи низ државата, одземени шест автомобили поради опасно возење

admin