29.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Ноќна акција во Скопје и Куманово: приведен поранешен државен функционер, истрагата за финансиски криминал се шири

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) потврди дека од ноќеска се спроведува полициска акција на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради сомневања за сторени кривични дела од финансиско-економска природа.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење основано сомневање за финансиско-економски кривични дела“, соопшти Обвинителството, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на теренските активности.

Според неофицијални информации објавени во дел од медиумите, во акцијата се приведени повеќе лица, меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Официјална потврда за идентитетот и бројот на приведените засега нема.

Дардишта во изминатите години извршуваше повеќе раководни функции во државната администрација, вклучувајќи ја и функцијата директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

Related posts

Православните христијани го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање

admin

Иран ѝ се закани на Украина: „Овој напад нема да остане без одговор“

admin

ТАРАВАРИ СО ЕДНА НОГА ВО ВЛАДАТА

ninja

Што договорија Мицкоски и српскиот премиер во Нови Сад?

admin

По осум месеци почнува судскиот процес за Кочани

admin

Честитки од ЕУ, ОАЕ и Израел до Северна Македонија по повод Денот на независноста

admin