10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако СДСМ најде еден мигрант во Македонија во договор со Британија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, најави дека ќе се повлече од политиката ако до следната пролет СДСМ најде макар еден мигрант во земјава кој е дел од наводен договор со Велика Британија.

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно тврди дека постои таков договор и дека власта на Мицкоски е обврзана да го прифати, поради финансиската состојба на државата и кредитот од шест милијарди евра.

„Веќе е јасно дека договорот за мигрантите постои. Власта мора да го потпише, бидејќи е поврзан со буџетскиот дефицит и кредитот од шест милијарди евра. До крајот на годината се очекува недостиг од една милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ планира избори следната пролет за да ги сокрие мигрантските договори, кои се водат зад затворени врати, а граѓаните информираат преку странски медиуми. Филипче додаде дека додека Мицкоски е премиер, нема да има шатори за мигранти, но ќе има социјални станови.

Премиерот Мицкоски ги отфрла тврдењата на Филипче и истакнува дека Македонија нема капацитет да прифати дополнителен мигрантски товар. Тој нагласи дека додека тој е на функцијата, нема да се постават шатори за илегални мигранти.

Филипче посочи дека Албанија и Косово веќе прифатиле одбиени мигранти од Британија и Италија и дека Македонија би била следната транзитна држава во регионот.

Тема за мигрантите во Македонија се отвори откако британските медиуми објавија дека се преговара за нелегални мигранти и лица кои добиле одбивање за азил, при што Македонија останува транзитна држава. За време на претходната бегалска криза, речиси еден милион мигранти поминаа низ земјава, но никој не остана трајно.

 

Related posts

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

DW: Паралелна држава – приватни средби за државни проекти

admin

Брисел бара 60 милијарди евра нови приходи годишно – кој ќе ја плати сметката?

admin

ЕУ и Канада градат нов сојуз надвор од Вашингтон: ВИ, оружје, Арктик и критични минерали

admin

Ден на албанската азбука: Повици за надминување на разликите

admin

Имунологот Акико Ивасаки: „Не е се завршено со Ковид, ниту одблиску“

admin