35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Одложена седницата за назначување в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители ја одложи за понеделник во 11 часот седницата на која требаше да назначи вршител на должноста државен јавен обвинител, по неотповикливата оставка на Љупчо Коцевски, изјавија извори од Советот.

Седницата, закажана за денеска, е одложена поради отсуство на еден од членовите на Советот, поради што не бил обезбеден потребниот кворум за одлучување, наведуваат истите извори.

Коцевски во вторникот поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител, која Собранието ја констатираше истиот ден, со што формално започна постапката за избор на негов наследник.

До изборот на нов државен јавен обвинител, Советот треба да определи вршител на должност кој ќе ја извршува функцијата привремено, согласно законската процедура.

Related posts

Азизи: Таравари ја извитопери својата патека, не светот

admin

Над 40 автошколи за картелско договарање на цените на обуките

admin

Платформата на Државна лотарија останува единствена опција за онлајн коцкање

admin

ИМА ЛИ РУСКИ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА ЧОРБА?

ninja

Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работа

admin

Османи: Албанците ризикуваат статус од пред Охридскиот договор!

admin