Претставници на германската влада и владејачките партии најостро го осудија насилството во северот на Косово, посебно кон припадниците на КФОР. Бундестагот неодамна го продолжи мандатот на Бундесверот во оваа мисија, јави ДВ.
Германското министерство за надворешни работи реагираше уште во понеделникот вечерта (29 мај), по најновиот бран насилство во северот на Косово.
„Најостро ги осудуваменеприфатливите напади во северот на Косово во кои се повредени десетици припадници на КФОР/НАТО, како и неколку цивили. Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме брзо опоравување“, се вели во соопштението на германското МНР.
Во него се бара прекин на секој вид насилство, аод Косово и од Србија се бара да ги продолжат разговорите, што би водело до прекин на насилство и „натамошно да работат на примена на договорот за нормализација на односите, постигнат во февруари и во март и тоа имајќи ја во вид и Заедницата на српски општини.“ Германската влада исто така го поддржува специјалниот пратеник на ЕУ за преговори со Србија и Косово, Мирослав Лајчак „во неговите напори за елиминирање на тензиите.“
Адис Ахметовиќ, известувач за Западаен Бакан од пратеничката група на СПД, најбројна во Бундестагот, во своето соопштение од вторникот утрото остро ги осуди нападите врз „војници на КФОР/НАТО и цивили“ во градовите во северно Косово, нарекувајќи ги неодговорни. За Ахметовиќ овие настани се „ново дно во напнатите односи меѓу Србија и Косово.“
Тој смета дека овие насилни настани се „уште еден доказ дека сите учесници конечно мораат да се вратат на преговарачка маса за да го запрат вртлогот на насилство покренат минатата година.“
„Двете земји стремат кон членство во ЕУ, но тие стремежи, без темелен договор, ќе останат безизгледни.“ Ахметовиќ укажа на важноста на меѓународните единици во Косово и во тој смисол заклучи дека одлуката на Бундестагот за продолжување на мандатот на Бундесверот во рамките на КФОР била исправна.
Тој истовремено во игра воведе и можно зголемување на контингентот на КФОР наместо негово укинување, како што неодамна во текот на дебатата во Бундестагот бараа пратениците на АфД и на Левица.
„Последните напади јасно покажуваат дека КФОР и по 24 години е потребен заради обезбедување стабилност и сигурност. Со оглед на актуелната ситуација, би требало да се рагледа зголемување на сегашниот контингент, за во случај на потреба, КФОР да може поодлучно да реагира“, истакна Ахметовиќ.
Во склоп на КФОР моментално има 70 војници од Бундесверот, но мандатот овозможува зголемување на контингентот до 400 војници.
Претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи на Бундестагот, Михаел Рот (СПД) бара јасни консеквенции за одговорните за повторната ерупција на насилство во северно Косово, која ја нарекува „најлоша во долгата низа на ескалации во односите меѓу Косово и Србија.“
мета дека нападот врз припадниците на КФОР не смее да остане неказнет.
„Со насилство против војниците на КФОР, радикалните Срби ја превршија секоја мерка. Овие судири се не само неприфатливи, туку мора да имаат и последици“, порача Рот преку Твитер.