34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ковачевски и Османи се сретна со Макрон

Премиерот Димитар Ковачевски и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, се сретнаа со Францускиот претседател, Емануел Макрон, со кого заедно во Братислава учествуваат на форумот Глобсек.
„Во рамки на ГлобСек во Братислава, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Централна тема: европското досие на земјата и напредокот на државата во нашите европски интеграции. Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди. Поздравени напорите на Франција да се вклучи во економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија. Зајакнувањето на единството и солидарноста во евроатлантската безбедност е од клучно значење денес кога европската безбедносна архитектура се соочува со значителни предизвици“, напиша Османи на Фејсбук.

Related posts

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НЕ ГИ ГИ ИСПОЛНИЈА ОЧЕКУВАЊАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД

ninja

Две третини од државниот врв во посета на САД

admin

Руска „остра моќ“ во Македонија по инвазијата врз Украина: Од зборови на дела

admin

Министерката Божиновска дел од приказна за производство на еко хулахопки во Чешка

admin

Пет олигарси креирале хибриден центар против ДУИ?

admin