-3.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

КОЛКАВИ ХОНОРАРИ ЌЕ ЗЕМААТ КООРДИНАТОРИТЕ НА КОРИДОРОТ 8 И 10Д?

Професорката од Државниот универзитет во Тетово, Семијал Хасани Зибери е главниот координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“. Таа за ова ќе зема месечен надомест од 70 илјади денари, се вели во јавно достапната одлука на јавното претпријатие „Државни патишта“, јавува РСЕ.

За координатор на единица за техничка изведба на проектот, за кое е предвиден надомест од 65 илјади денари, е ангажиран Рами Јусуфи.

Според јавно достапните информации професорката Хасани Зибери својата докторска со наслов „Сеизмичка повредливост на виталните објекти во полошкиот регион“ ја одбранила во 2020 година, а името Семијал Хасани се појавува и на веб страницата на Собранието како дел од составот на пратеници од ДУИ од 2002 до 2006 година.

Но, биографијата за пратеничката не е достапна за да се провери дали се работи за истата личност. Името на Рами Јусуфи пак на интернет се наоѓа како шеф на кабинет на АД „Пошта“ во 2019 година каде што долго време местото прв човек на оваа институција беше резервирано за кадар на ДУИ.

Изборот го изврши Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на огласот кој беше објавен на 19 април и траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот.

Од ЈПДП известуваат дека вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач.

Не е извршен избор за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.

За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.

Договорот за изградба е таен, а според проценките на Владата изградбата на вкупна должина од околу 110 километри ќе чини 1,3 милијарди евра.

Уште од самиот почеток овој проект го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор.

Официјално, почетокот на изградбата на Коридорот 8 беше означен на свечена церемонија на 4 април, додека „камен темелник“ на Коридорот 10 Д се постави на 12 мај.

Related posts

Груевски: Очигледно Мицковски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта

admin

Ременски: Палевски водел терористичка група, имале списоци за ликвидации

admin

По обуката со Ф-35 пилотите изгледаат како да имаат 100 години

admin

Ковачевски му нудел на Мицковски „пола-пола“: Тоа е најфер, братски

admin

Средби во Брисел, О’Брајан: Косово и Србија да ги решат проблемите, неспроведување на договорите загуби за двете страни

admin

ГРАЃАНИТЕ ДОНИРААТ ТОПЛА ОБЛЕКА, СПАСУВАЧКИТЕ ТИМОВИ ТРГНАА ЗА ТУРЦИЈА

ninja