11.8 C
Скопје
26 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Маричиќ-Бурк: Ирска може да ни служи како пример за брзо членство во ЕУ

На маргините на Преспа форум дијалог, делегацијата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со делегацијата предводена од министерот за европски прашања на Република Ирска, Питер Бурк, јави владината служба.

На средбата било разговарано за пристапните преговори со ЕУ, реформите, процесот на уставни измени и регионалната соработка.

„Северна Македонија е искусен кандидат за членство во ЕУ. Оваа година е клучна и за регионот и за Европа и имаме зрел момент со јасен план и мудри одлуки да бидеме успешна европска приказна, по примерот на Ирска, која добро процени дека решавањето на отворените прашања носи придобивки кои ги нуди европскиот проект“, рече на средбата Маричиќ.

Според соопштенито на владата, Ирскиот министер укажа дека Ирска е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан во ЕУ, бидејќи проширувањето придонесува за посилна и безбедна Европа, потенцирајќи дека членството во ЕУ треба да се заснова на критериуми кои се строги, но фер и дека билатералните спорови не треба да бидат дел од процесот на пристапување.

На крајот на средбата ирскиот министер му врачи на вицепремиерот книгата „Пофалба за Улис: Одисеја на читателот“ од Ден Мулхол, која има своја симболика во надминувањето на предизвиците и постигнувањето на целта, како суштински портрет на Ирска.

Related posts

Американски функционер откри драстична казна за Русија

admin

Пропустите во дигитализацијата на матичните книги фрлија сенка врз заштитата на податоците на граѓаните

admin

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

admin

„Големиот брат“ доаѓа: Полицијата веќе собира податоци, казните ќе стигнуваат автоматски!

admin

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

admin

ЕК загрижена од измените на Кривичниот законик

admin