13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Неделава ЕУ ќе ги соопшти санкциите против Косово

Во текот на оваа недела, Европската унија (ЕУ) предупреди дека ќе ги соопшти казнените мерки против Косово, кои блокот ги подготви поради непреземање на чекорите што беа побарани за намалување на тензиите на северот на земјата, соопшти генералниот директор за проширување на ЕК, Јан Копман, пренесува Инбокс7.

Тој заедно со пратеникот на европскиот блок за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, учествуваше на расправата во Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

Купман рече дека се подготвуваат голем број мерки за Косово. Тој ги спомена суспензијата на работата на сите работни групи за Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), суспензијата на финансирањето на програмите на ЕУ, неодобрувањето на проектите од Инвестицискиот фонд во Западен Балкан, како и прекинот на состаноците на политички нивоа.

Тој рече дека овие мерки „не се преземени несериозно“ и дека се реверзибилни доколку се преземат вистинските чекори за ублажување на состојбата.

Related posts

Трамп е осуден. Што понатаму?

admin

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Милан Ковач си заминува од Тесла – ја напушта програмата што Маск ја нарече вредна 25 трилиони долари!

admin

Ахмети со нов притисок врз Уставниот суд

admin

ЕУ И САД – НАЈПОСАКУВАНИ ПАРТНЕРИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ninja

Земјоделски производи: Растат цените, паѓа откупот

admin