13.8 C
Скопје
26 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нова обврзница: Државата позајмува од граѓаните за да го покрие буџетскиот дефицит

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, изјави денеска на прес конференција дека граѓаните веќе од денеска можат да ја започнат постапката за купување на граѓанските обврзници, пренесува Инбокс7.

Процедурата, појасни министерот, е многу едноставна.

“Граѓаните на шалтерите на сите комерцијалните банки можат да пополнат барање за учество на аукцијата и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници. Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Граѓаните можат да пополнат барање во банките најдоцна еден ден пред одржувањето на аукцијата, односно до 12 јули. По запишување на обврзниците во депозитарот, обврзницата ќе им биде издадена на имателите, односно ќе биде запишана на нивно име“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека е ова нов инструмент со кој се овозможува на граѓаните да инвестираат во проекти за развој на земјата, а притоа тие инвеестиции се безбедни за граѓаните, им носат принос и особено важно во услови на двоцифрени стапки на инфлација, ја штитат нивната вредност.

Како пример посочи министерот доколку граѓанинот инвестира во 10 обврзници, односно 100 илјади денари ќе добие 5.000 денари принос на крајот на првата година и наредната година уште 5.000 денари или вкупно 10.000 денари за инвестиција од 100.000 денари.

Аукцијата за граѓанската обврзница ќе се одржи на 13 јули 2023 година, кога, како што посочи министерот ќе се знае интересот на граѓаните за овој нов инструмент на нашиот пазар.

Покрај придобивките за граѓаните, овој инструмент има развоен карактер, бидејќи инвестираните средства се директно поврзани со развојните проекти кои се планирани во буџетот и ќе влијае на намалување на сивата економија.

Според министерот Бесими, со ова се заокружува една фаза од вклучувањето на граѓаните на финанискиот пазар, што е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Тој најави дека во текот на годината ќе се пристапи кон издавање на вториот инструмент, зелената обврзница  наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и финансирање еколошки проекти.

Related posts

Сајбер нападот на МЕПСО: Што остана по хакерите?

admin

Лидерска средба, какви барања ќе испорачува Мицкоски?

admin

ПРОПУСТИТЕ ЗА СКАНДАЛОТ ОНИШЧЕНКО СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

ninja

Ресте извозот, Германија и Велика Британија главни трговски партнери

admin

Дали Албин Курти ја обединува албанската опозиција во С.Македонија?

admin

Врските на српските парии со крајната десница во Австрија

admin